Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Економија

Градежни активности во карбинското село Таринци

Почнаа градежните активности за реконструкција на улица 13 во селото Таринци, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа градежните активности за реконструкција на улица 13 во селото Таринци, како дел од планираните инфраструктурни проекти на Општина Карбинци за 2026 година.

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешната прес-конференција рече дека по надминувањето на имотно-правните пречки, денеска стартуваа градежните работи на втората улица, која се реконструира со поддршка од Министерството за транспорт и врски.

– Со тоа што во текот на летниот период и месеците да имаме целосно реконструирани две улици. Тоа се улица три и тринаесет, која се работи токму денес – вели Паунов.

Реклама

Станува збор за крупен инфраструктурен зафат што опфаќа повеќе сегменти од уредувањето на просторот. Проектот предвидува комплетно решавање на одведувањето на отпадните и атмосферските води, изградба на тротоари и воведување нови сообраќајни решенија.

– Ова е крупен инфраструктурен проект, затоа што овој проект предвидува целосно одведување на отпадните води, атмосферска анализација, тротоарски решенија и целосно сообраќајни нови решенија – изјави Паунов.

Со реализацијата на овој проект, очекувањата се дека значително ќе се подобрат условите за живот на жителите во Таринци. Надлежните се надеваат градежните работи да се одвиваат со засилена динамика во наредниот период.