Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Градежната урбана мафија го зема ли својот данок и во Кавадарци ?

      „Еве, сами видете. Од 14.04.2021, лекарско, телесна повреда…Јас сум тука нападнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      „Еве, сами видете. Од 14.04.2021, лекарско, телесна повреда…Јас сум тука нападнат од лице вработено во фирмата и од обезбедувањето..затоа што отидов позади куќата да правам контрола, да видам дали ми ја поткопуваат или не…и таму ме нападнаа со шипка и бев удиран и тегнет..и еве, последен пат што сум јас нападнат“, – Кире Стојков од Кавадарци.

      Го зема ли својот данок градежната урбана мафија и во Кавадарци, се прашува кавадарчанецот Кире Стојков, кој тврди дека со бесправна градба на станбена зграда која е лоцирана веднаш до неговата куќа му е поткопан темелот од куќата, целосно му се одземала светлината, а имало и евидентни оштетувања на куќата ?! Освен ова, Стојков вели дека зградата во изградба не била ниту во ДУП-от, заради што овој случај веќе цела година го решава низ судските инстанци.

  „Овдека проблемот е многу голем затоа што се работи зграда која што нема правосилно решение за градба од општина Кавадарци, а сакаат да ја изградат до мојата куќа, значи лепенка, за што јас не им давам согласност, бидејќи по закон, по сите законски нормативи, од мене треба да е оддалечен три метра објектот кој се гради…Јас добив закани од општина Каварадци и градоначалникот дека мојот објект ќе биде срушен доколку не потпишам некоја согласност за лепенка….Јас добив закани и од страна на инвеститорот дека ќе бидам убиен, ликвидиран, јас и моето семејство, затоа што не му потпишувам согласност…“, – објаснува Кире Стојков.

Реклама

    Инвеститорот „Ден-Мак“ пак, како и градоначалникот Митко Јанчев, ги отфрлаат сите овие обвинувања и тврдат дека се било според Закон и дека насилникот и заканувачот всушност бил Стојков.

   „Се’ е по закон…Општината го продава земјиштето на Дан-Мак во 2019-та и во Договорот ме условува – „Дан-Мак“ како иден сопственик на земјиштето има рок девет месеци да почне со градба, јас имам договор со услов..ако не, договорот ми е ништовен и невалиден, ќе ми пропаднат парите, инвестицијата..Во рок од тие девет месеци јас сум поднела барање за одобрение за градба, сум поднела проект, сум платила комуналии и си терам сега, на лице место – законски“, – посочува Ена Норнилд, генерален менаџер на „Ден-Мак“.

  „Таму работата си е чиста како солза…Имаш работа со луѓе – насилници кои што имаат три кривични пријави и направија четири тепачки, насилни тепачки и тешки повреди му нанесоа на инвеститорот…Секторот за издавање на градежни дозволи ви е тука, повелете…човекот си е одбиен и има времена мерка за забрана и на крајот ќе добие и притвор тој, бидејќи прави насилство..“, – ни рече градоначалникот Јанчев.

    Но, и покрај се’ ова, Стојков вели дека нема намера да се откаже од потрагата по правдата, за која е убеден дека била на негова страна, иако се сомнева дека зад целата оваа работа стоеле градоначалникот и општината.

   Инаку, на таблата пред зградата која се гради, освен името на инвеститорот и квадратурата на становите, нема никакви други информации за проектот. Ниту кој е изведувачот, ниту рокот за изградба, а ниту вредноста на проектот. Кавадарчани шпекулираат дека градежните работи ги изведувале работници, странски државјани и дека ова не бил единствениот проект чија изградба бил сомнителна.

Каролина Дурло