Во Општина Илинден заврши асфалтирањето на шест улици во населените места Илинден, Мршевци, Марино и Кадино, во вкупна должина од околу 1.100 метри, како дел од активностите за унапредување на локалната патна инфраструктура.

Како што информираат од општинската прес-служба, во Илинден се асфалтирани улица „11“ и крак на улица „8“, во Мршевци улица „4“, во Марино два крака од улица „531“, како и крак од улица „7“ во Кадино.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски при извршениот увид во асфалтирањето истакнал дека општината продолжува со засилена динамика на инфраструктурни инвестиции, со јасна цел за модерна патна мрежа, рамномерен развој и подобри услови за живот во секое населено место.

Со реализацијата на овие инфраструктурни проекти, како што посочуваат од Општина Илинден, значително се подобруваат условите за сообраќај, се зголемува безбедноста и се обезбедува поквалитетно секојдневие за жителите.

