Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Град Скопје демантира, но не негира?! Кој е одговорен за нарушениот углед?

По сторијата на Алфа за катастрофалната состојба во која подолго време се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По сторијата на Алфа за катастрофалната состојба во која подолго време се наоѓа зоолошката градина, адвокат ангажиран од Градот испрати демант во кој обвинуваат за изнесување наводни невистини и клевити за градоначалничката Данела Арсовска

Објавен е текст со наслов „Од најпосетувана во регионот, Арсовска скопската зоолошка градина ја претвори во масовна гробница“ во кој се изнесени невистинити тврдења за факти и обвинувања на сметка на Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, со кој се повредва нејзината чест и углед,, стои во демантот испратен од страна на адвокатот Трајче Арсов.

Оттаму тврдат дека содржината во насловот била манипулативна и тенденциозна и ги отфрлаат обвинувањата на сметка на градоначалничкат.

Реклама

Сепак, во таканаречениот демант нема никакви негирања на информациите кои ги објави ТВ Алфа. Оттука останува нејасно што се обидуваат да демантираат?

Имено во сторијата која ја објави ТВ Алфа изнесени се факти кои се јавно достапни, па од тука се поставува прашањето дали смртта на жирафата Каспер од салмонела е невистинита? Или масакарот кој беше извршен врз 10 коњи за кој и самите вработени реагираа е манипултивен и клевета? Дали смртта на слонот кој беше пренесен од зоолошката градина со багер на депонијата Дрисла е лага или можеби птичјиот грип кој и стави клуч на врата на зоолошката и го стави под ризик здравјето на вработените и посетителите е невистина која ние ја измисливме? Дали ТВ Алфа е виновна што е изгубен статусот на членка на Европската Асоцијаја на Зоолошки градини и аквариуми? Или надлежните кои раководат со зоолошката треба и мора да ја сносат вината?

Обвинувањата од страна на Град Скопје мораме да ги отфрлиме и окарактеризираме како класичен обид за заплашување со цел затскривање на вистината и замолчување на Алфа како медиум кој навремено и објективно ги информира граѓаните.

Даниел Ѓорѓевски