Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Град Скопје и НДИ потпишаа Меморандум за зајакнување на отпорноста од корупција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на Националниот демократски институт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на Националниот демократски институт (НДИ), Роберт Скот Хејзлет денеска потпишале Меморандум за соработка, како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“.

Со овој меморандум, како што информира Ѓорѓиевски, се продлабочува соработката меѓу Град Скопје и НДИ, преку конкретни активности насочени кон навремено препознавање, намалување и спречување на ризиците од корупција во градската администрација.

-За мене, ова е важен чекор кон градење посилен, поотворен и поодговорен систем. Граѓаните заслужуваат институции кои работат чесно, транспарентно и ефикасно, со јасни процедури, поголема отчетност и помалку простор за какви било злоупотреби. Преку оваа соработка, Град Скопје ќе добие експертска техничка поддршка за развој на внатрешни процедури и механизми за превенција од корупција, како и поддршка за јакнење на капацитетите на градската администрација преку специјализирани програми за обука – посочува градоначалникот на Скопје.

Реклама

Целта, како што напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, е администрацијата уште подобро да ги препознава, спречува и пријавува коруптивните практики.

-Истовремено, ќе работиме на унапредување на транспарентноста преку објавување податоци и јавни информации, како и на дигитализација на услугите, со што ќе ја зголемиме ефикасноста, ќе ја подобриме достапноста за граѓаните и ќе ги намалиме можностите за коруптивни ризици. Овој меморандум опфаќа и зајакнување на соработката меѓу Град Скопје, другите општини, надлежните државни институции, граѓанските организации и медиумите, со цел создавање поцврст систем на интегритет и одговорност, како на локално, така и на национално ниво. Благодарност до НДИ, како и до Швајцарската конфедерација и Шведска за поддршката на овој значаен проект. Продолжуваме да градиме Град Скопје кој функционира чесно, отчетно и во интерес на граѓаните – посочува градоначалникот  Ѓорѓиевски.