Помали сметки за телефонски разговори, пораки и интернет за сите кои ќе патуваат и престојуваат во земјите членки на ЕУ. Од годинава се очекува да започне процесот на укинување на мобилните услуги меѓу Европската унија и Западен Балкан, со кои сметките за мобилен повик, пораките и интернетот ќе се изедначат со тие во Македонија. Министерот Андоновски потенцираше дека Македонија ќе биде првата од земјите во регионот што ќе го потпише договорот со ЕУ за укинување на мобилните услуги.
„Ние веќе усогласениот текст на измените на законот за електронски комуникации го утврдивме на владина седница во вторникот и го испраќаме до ЕУ – Европската комисија и делегација ќе го проверуваат и ќе ни кажат дали тие измени се доволно добри за она што е побарано од нас“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски..
Целиот процес Андоновски очекува да заврши во март, но потенцираше дека истиот ќе зависи од преговарањето на Европската Комисија со сите телеком оператори во ЕУ. Процесот ќе зависи и од брзината на одобрување од страна на Советот и од подготвеноста на секоја земја да ги усогласи своите регулативи и телекомуникациски пазари со европските стандарди.

„Бидејќи зависи од преговарање со европската комисија која преговара со сите телеком оператори во ЕУ, нема да излезам со конкретни датуми. Ние до средината на март ќе бидеме готови со законот доколку дојде потврда од ЕК и правилниците, но и ЕУ треба да го направи својот чекор. Очекувам во 2026 граѓаните пакетите кои ги плаќаат кај домашните оператори за интернет телефонија и СМС пораки ќе им важат било каде во ЕУ“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Со укинувањето на роамингот се очекува да се зголеми мобилноста, да се намалат трошоците за бизнисите и да се олесни туристичкиот и економскиот проток меѓу ЕУ и регионот.
