Без разговор преку фејсбук статус градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов одлучи да ја напушти ЗЕЛС, градоначалникот на скопски Карпош пак ги собра медиумите да каже дека и тој размислувал на таков потег.
За првиот човек на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски ваквите потези се несериозни и подаде рака за дијалог. Иако Јакимовски и Костадинов се жалат на наводни обструкции од дел од министрите во Владата, до ЗЕЛС немало никаков допис за одреден проблем. Ѓоргиевски ги повика и двајцата rрaдоначалници да постапат разумно да ги преиспитаат одлуките и проблемите да ги решат на маса:
„Досега одговорно тврдам дека не сме биле информирани за никаков проблем од нивна страна…Без разлика кој е партиципиент на централната власт никогаш политиката не дозволуваме да се меша во целиот процес на наштето делување… Вратата им е отворена слободно може да дојдат не со мене директрно единствено туку и со целиот УО да продискутираме за одредени нивни проблеми со кој што се соочуваат и да бараме заеднички решенија за истите….“

Костадинов статуси на фејсбук почна да објавува од вчера. Во нив пишува дека напуштањето на ЗЕЛС било во знак на револт поради односот на Владата кон Општина Струмица, а целата ситуација настана откако водата во Струмица беше забранета за пиење. Според него водата била безбедна иако АХВ по вонредниот инспекциски надзор соопшти дека забраната за пиење на водата останува оти биле пронајдени бактерии:
Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, напиша Костадинов.
Градоначалникот на Општина Карпош сеуште не донел конечна одлука но сака да излезе од ЗЕЛС поради односот кој го трпела општината од одредени министри од владеачката партија. Сепак подготвен бил да разговара
Кое племе е ова? Од каде дојдоа? Да не се гласаат програми за работа. Ај што не ги гласаат, туку кога ќе ги изгласаме, ги обжалуваат во Инспекторатот и вршат притисок да донесат одлука каква што тие сакаат, рече градоначалникот на Општина Карпош.
Според министерот пак за локална самоуправа Златко Перински потегот за излез од ЗЕЛС не е решение и ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на асоцијацијата затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата.
