Реклама
Прилози

🎥 Георгиев и Филипче на иста линија – во писмото до ЕУ, Софија користи аргументи и речник сличен како тој на СДСМ

Бугарија и СДСМ на иста линија – констатацијата на Венко Филипче дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија и СДСМ на иста линија – констатацијата на Венко Филипче дека ништо не се случува во Македонија во однос на евроинтеграциите, односно дека тапкаме во место сега е споделена и од Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев. Тој во писмо испратено до неговите колеги од земјите членки на Европската унија тврди дека статус-квото во преговорте меѓу Скопје и Брисел се должело на фактот дека Македонија упорно чекала, наместо да работи.

„Бугарија отсекогаш го побивала аргументот дека Македонија чекала предолго – токму ова е проблемот, Скопјe ‘чекало’, наместо да ‘работи’“, вели Георгиев.

Оваа теза на Георгиев е речиси идентична со таа на Филипче, кој деновиве од кога најави дека ќе поднесе резолуција за исцртување на црвените линии на Македонија во однос на Бугарија, тврди дека актуелната влада не правела ништо во однос на евроинтеграциите и дека најлошо било да не се прави ништо.

Реклама

Ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиено понуда од целата ЕУ, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата да се отворат преговорите со ЕУ. Едно е да прават изговори, а тоа го рпави владата, прво бараа да има одложено дејство на уставните измени, видоа дека тоа е невозможно, цела ЕУ им кажа дека тоа е невозможно“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Резолуцијата на СДСМ во суштина е ветер во грб на бугарските барања, затоа што со неа се бара владата да ги направи уставните измени, односно да ги вметне Бугарите во Уставот, со што ќе се откочел со Брисел, па потоа ако имало ново вето од Софија, тогаш Македонија да ги напуштела преговорите.

Инаку во писмото до министрите за надворешни работи на ЕУ, кое Георгиев го испратил на 1 Септември, тој се жали и дека македонската влада наместо да се придржува и да го спроведува договорениот пакет чекори, што би го гаранирал нејзиното членство во ЕУ, води политика на конфронтација, обвинувања и постојани негодувања.

„Со растечка загриженост ви го испраќам ова писмо на тема што предизвикува сè поголема фрустрација и за мојата земја и за Европската Унија“, вели шефот на бугарската дипломатија на почетокот на писмото.

Писмото покрај до министрите за надворешни работи на земјите членки, дополнително е адресирано и до високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас и до еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Според шефот на бугарската дипломатија, последните месеци биле особено предизвикувачки. Во тој контекст, Георгиев вели дека во земјава се одвивала кампања на клевети во медиумите, која веднаш влиајела на јавниот дискурс во Бугарија. Оценувајќи ја како најнова, во оваа според него, серија на непотребни провокации, тој ја посочува неодамна поднесената иницијатива до Уставниот суд на земјава за оцена на уставноста и законитоста на вториот Протоколот, иницијатива што ја поднесе поранешната пратеничка од ДОМ Лилјана Поповска. За Георгиев, иницијативата била апсурден предизвик, координиран со раководството на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.