Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Гордана Силјановска-Давкова официјално избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска Давкова e официјално избрана за кандидат за претседател на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Силјановска Давкова e официјално избрана за кандидат за претседател на Македонија на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”. Давкова беше избрана со вкупно 444 гласови од 454 делегати од ВМРО-ДПМНЕ.

„Може да смените се, стил, многу нешта, но татковина никогаш. Не случајно сме родени во Македонија, енергијата извира одовде и затоа треба да воспоставиме што е можно поцврсти врски со оние кои си заминале, не затоа што сакале, туку оти некој не ги сакал како најдобри. Само така ќе обезбедиме почит секаде во светот. Многу работа стои пред нас и јас затоа сите оние кои ќе бидат носители на некоја функција бидејќи во 21 век, ги молам да стават крај на овие страшни поделби по било која основа, најмногу по партиска и по политичка, да не се однесуваат кон опозицијата како тие што се однесуваа кон неа, зошто без опозиција нема демократија, да градат консензус за најважните државни и национални прашања и интереси, да излегуваат кон надвор усогласени зошто само лидери и државници тоа го прават“, изјави Силјановска-Давкова по гласањето на денешната конвенција.

Силјановска Давкова укажа дека се виде до сега до што доведоа поделбите. Поделбите ја доведоа оваа држава како што вели, да личи на гладијаторска арена.

Реклама

„Не се станува Европјанин, не се вежба европеизација преку реторика ЕУ, ЕУ, ЕУ… Не! Туку преку вежбање демократија. Мора Копенхашките да се однесуваме. Мора владеењето на правото да ни биде прво. Мора слободите и правата на човекот да ни бидат во фокусот. Мора пазарна економија да градиме. Мора да ги почитуваме индивидуалните права, ама исто така и малцинските права“, истакна Силјановска Давкова.

„Јас ве уверувам дека нема да ве засрамам. Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам“, порача таа.

Таа најави и дека ќе ги собира потребните 10.000 гласови од народот, кои досега веќе ги собраа петмината кандидати за претседателските избори чиј прв круг ќе се одржи на 24 април годинава.