Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Горан Стојковски -Диро: Кумановци во недела имаат избор, градот повторно да расте и да се обновува

Куманово заслужува поинаков концепт, различен од досегашниот, време е граѓаните на Куманово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куманово заслужува поинаков концепт, различен од досегашниот, време е граѓаните на Куманово да бидат бренд, рече на денешната прес-конференција независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски – Диро. Тој се заблагодари на поддршката на граѓаните во првиот круг, како и на оние кои гласаа за останатите противкандидати, посочувајќи дека кумановци потврдиле дека во градот „живее демократијата“.

-Во изминатиот период граѓаните можеа да бидат два различни концепти. Едниот концепт којшто тврди дека е потребен континуитет, континуитет којшто трае од 2008 година, наваму. Актуелниот градоначалник од 2008 година или е советник или е претседател на совет или е градоначалник и тврди дека ни ја потребен континуитет. Резултатот на тој континуитет сите го гледаме. Од друга страна имате кандидат којшто бара дисконтинуитет, којшто вели дека доста е бренд-човек, време е граѓаните на Куманово да бидат бренд. Доста е од човек што се знае, нека дојде човек што сака да работи и да учи, рече Стојковски.

Независниот кандидат повика во недела, граѓаните да излезат, да гласаат, додавајќи дека имаат избор исто како и во 1941 кога кумановци и „тогаш излегле и направиле промена којашто влезе во историјата“.

Реклама

-Се надевам дека во недела ќе бидеме сведоци на уште еден историски момент во Куманово. Куманово коешто повторно ќе расте, ќе се обновува и ќе живее, рече Стојковски.