Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Големо жариште на заболени од корона во Заводот за рехабилитација во центарот на Скопје

Најмалку 10 позитивни на Ковид 19 во Институтот за физикална медицина и…

Сподели:

Најмалку 10 позитивни на Ковид 19 во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле. Една од заболените, која сакаше да остане анонимна се јави во редакцијата на Алфа и потврди дека денеска им стигнале резултатите од Институтот за јавно здравје – тестирани биле 50-тина вработени и пациенти, а кај десетмина се потврдило присуство на вирусот. Неофицијално се работи за 8 вработени и двајца пациенти. Од нив, еден бил доктор, другите медицински сестри и физиотерапевти. Едниот од пациентите бил повозрасен маж на над 70 годишна возраст, вториот маж во средни години. Информацијата за Алфа ја потврди и ќерката на тетовецот кој пред 4 дена беше дијагностициран со Ковид – 19, а лежеше во Заводот во Козле. Вели едниот од позитивните пациенти лежел во истата соба со татко и.

„Еден од заболените пациенти лежеше во иста соба со татко ми. Јас во понеделникот шест часа бев во болницата, освен еден болничар, никој друг од персоналот не носеше заштитна маска ниту ракавици. А не носеа ни пациентите кои доаѓаа во дневната болница“, вели Наташа Апостоловска.

Денеска Заводот работи вообичаено. Алфа беше во кругот на болницата. Вработените се вознемирени од најновите вести дека нивни колеги се позитивни на болеста.

Реклама

Во моментов во Заводот имало над 30 пациенти. Неофицијално, менаџментот на болницата на вработените им најавил дека Институтот ќе продолжи со работа, оти немале дозвола од надлежните да затворат.

Сомнежот дека во оваа болница има заразени со Ковид – 19 се отвори откако пред четири дена пациент од Тетово кој таму бил хоспитализиран од 9 до 23 март, со симптоми на вирусот бил пуштен на домашно лекување, а по инсистирање на семејството бил тестиран. Тој сега е на инфективната Клиника. Неговата сопруга и ќерка пак, од утрово не се чувствувале добро.

„Од вчера јас и мајка ми имаме симптоми. Сабајлево ни земаа брисеви, бидејќи минатите што ги правевме беа негативни“, вели Апостоловска.

Инаку, надлежните изминативе денови потенцираа дека ако се утврди оти во болницата имало заразени со Ковид – 19, таму ќе работела само амбулантата.

Биљана Божиновска