Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Голема полициска акција во РЕК Битола – се апсат поранешни директори!

Во тек е голема полициска акција во координација со Jавното обвинителство за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е голема полициска акција во координација со Jавното обвинителство за организиран криминал и корупција, потврдија од Mинистерството за внатрешни работи. Детали сепак не се соопштуваат, но според неофицијални информации, отворена е истрага за злосторничко здружување и злоупотреба на постапки за jавни набавки и jавно-приватно партнерство.

Предмет на претрес се документации поврзани со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битола и РЕК Осломеј. Според првичните сознанија, направена е штета од 6,5 милиони евра. Претреси се прават во повеќе градови, а има и 10-на приведени.

Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

Реклама

Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и близок соработник на екс-премиерот Зоран Заев, е меѓу вмешаните во операцијата на Министерството за внатрешни работи насочена кон организираниот криминал во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино. Во акцијата се вклучени 29 физички и 4 правни лица од различни градови, меѓу кои Кичево, Битола Велес и Скопје.

Но, Васко Ковачевски, екс-директор на ЕСМ кој се сомничи за тежок криминал во РЕК Битолa избегал од државата и се недостапни за власта.

Меѓу нив е и екс-директорот Васко Стефанов. Според изворите, Ковачевски уште од септември ја напуштил Македонија. Според првичните неофицијални информации, кои ги објави ПлусИнфо.

Уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ. Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола.

Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение. Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службена положба.

Велешанецот Данчо Стојановски е осомничен дека водел криминална организација, а претходно бил комерцијален директор во ЕСМ. Властите имаат пристап до два негови сефови за докази. Маја Јорданова, исто така од Велес и братучетка на Стојановски, е осомничена како организатор и има милионски договор за адитиви од Италија за ЕСМ, добиен како единствен понудувач.

Таа работи во Ад Пошта и е сопственик на приватна компанија без вработени. Во истрагата е вклучен Небојша Стојановиќ од неготино, поранешен директор на ТЕЦ Неготино, кој исто така е осомничен за организирање. Тој го привлече вниманието за значаен договор во кој е вклучена фирмата на неговата сопруга Милица со РЕК Битола, каде потписник е осомничениот Пеце Матевски.

Оваа група преку јавни повици за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј злоупотребиле околу 6, 5 милиони евра.

На државата и нанеле штета, а за истото следува одговорност. Ова се последните неофицијално иноформации, а за целата акција најевено е соопштение од Обвинителството и од МВР.