Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Голема акција за пошумување на територијата на општина Кисела Вода

Голема акција за пошумување се реализира на територијата на општина Кисела Вода, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема акција за пошумување се реализира на територијата на општина Кисела Вода, во која учествуваат градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, генералниот извршен директор на ТИТАН Усје, Костас Николау, како и вработени од општинската администрација, во компанијата и бројни граѓани. Активностите се одвиваат во паркот „Иднина“, во 13 урбани и месни заедници, како и во сите основни училишта на територијата на општината.

Во рамки на акцијата ќе бидат засадени околу 500 садници од зимзелени и други видови дрвја.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакна дека пошумувањето е важен сегмент од долгорочната политика на Општина Кисела Вода, која се реализира плански и рамномерно на целата територија, со активно вклучување на училиштата и локалната заедница, а воедно упати и благодарност до компанијата што ја поддржа акцијата со донација на садниците.

Реклама

-Пошумувањето не е само симболичен чин, туку јасна и долгорочна определба на Општина Кисела Вода. Со секое засадено дрвце вложуваме во поквалитетен јавен простор и подобри услови за живот за сегашните и идните генерации. Нашата стратегија е системска и опфаќа пошумување во сите населени места, како и активно вклучување на училиштата и граѓаните. Сакам да се заблагодарам на Цементарница ТИТАН Усје и на генералниот извршен директор Костас Николау за покажаната општествена одговорност. Соработката со компаниите е важен дел од пристапот со кој ја развиваме општината, а компаниите преку вакви активности покажуваат дека ја препознаваат својата улога во општеството-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.