Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Голем број на гости од земјата и странство на манифестацијата „Зеленикот на баба“ во Пробиштип

Во духот на традицијата, мирисот на домашно месено тесто и вкусовите што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во духот на традицијата, мирисот на домашно месено тесто и вкусовите што потсетуваат на детството и годинава на манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип се собраа десетици домаќинки, љубители на македонската кујна и посетители од целата земја и соседството.

Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип прераснува во препознатлив гастрономски белег, има за цел да ја зачува автентичната рецептура на зелникот, едно од најкарактеристичните македонски традиционални јадења. Годинава имаше 35 штандови на кои се нудеа зелници од сите краишта на Македонија. Учесничките, најчесто повозрасни жени, но сè почесто и млади домаќинки, ги презентираа своите вештини во подготовка на зелник со различни филови, една од нив е и Весна Петрова во познатото пробиштипско село Лесново, каде што домаќинките го сукаат надалеку познатиот Лесновски зелник. 

 – Ние денеска настапивме со зелник со печени кори, со праз, сушени кори со праз, плесиран зелник со праз. Имавме и мрсно „орчкурпиле“ со урда, бритва, лобода – изјави Петрова. 

Реклама

Таа додаде дека младите имаат интерес за сукање на зелници и баници, а кај неа во Лесново на обука доаѓаат и студентите од Факултетот за туризам при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека  интересот за „Зелникот на баба“ расте од година во година, а настанот не е само натпревар, туку и можност за пренесување на знаењето од генерација на генерација. 

-Со оваа манифестација сакаме да ја задржеме традицијата и на помладите да им ја пренесеме – рече Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

Раде Илиевски вработен во Општината и дел од тимот за организација на манифестацијата „Зелникот на баба“ најави дека веднаш по завршувањето на 12. издание ќе почнат со постапката за брендирање на манифестацијата. 

-По завршување на манифестацијата ќе прејдеме на тоа, да си ја брендираме, да си ја заштитиме, која е единствена, уникатна во Македонија, единствена од ваков вид, а токму за та зборува оваа голема посетеност- изјави  Илиевски.

 „Зелникот на баба“ останува симбол на домашната кујна, но и доказ дека старите вредности и рецепти сè уште живеат меѓу луѓето, пренесувајќи топлина, заедништво и љубов кон традицијата. Манифестацијата „Зелникот на баба“ денеска беше посетена од гости од земјата и странство, а имаше и натпревар во брзо сукање на зелник, кој потоа се печеше под вршник.