Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Гоцевски ги посети дежурните служби за Новогодишната ноќ во Делчево

Во новогодишната ноќ, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во новогодишната ноќ, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со претседателот на Советот на Општината, Николчо Стојменовски и заменик-градоначалничката Андријана Илиевска Велковски, ги посети дежурните служби од институциите кои се грижат за безбедноста, здравјето и непреченото движење на граѓаните.

Како што информира Гоцевски, посетени беа ОВР Делчево, Граничниот премин Делчево, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, а за првпат и дежурните пунктови на „Македонија пат“ и Царинската управа во Делчево.

Во рамки на посетите, претставниците на локалната самоуправа доставиле и опрема како знак на поддршка и внимание за секојдневната работа на вработените – четири душеци, телевизор, компјутер, мал шпорет и специјални светилки.

Реклама

– Изразив огромна благодарност и искрена почит до сите вработени кои и во новогодишната ноќ се на своите работни места, грижејќи се за безбедноста и здравјето на сите граѓани. Нивната пожртвуваност и одговорност навистина заслужуваат длабока почит, истакна Гоцевски.

Тој на вработените во дежурните служби им посака среќни празници, многу здравје, лична среќа и успех во годината што доаѓа.