Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

ГОБ „8-ми Септември“ ќе се реконструира, проектот чини 12 милиони евра

Европски услови, светска апаратура и седум нови операциони сали – градската болница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европски услови, светска апаратура и седум нови операциони сали – градската болница „8 Септември“ во Скопје по повеќе од 80 години ќе биде реконтруирана. Проектот ќе чини 12 милиони евра, и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи а парите се обезбедени од ТАВ проект, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се санира целосно и кровот бидејќи протекува. А ќе има и современи медицински апарати каде што ќе биде олеснето лекувањето на пациентите. Но ќе има модернизација и на апартите за дијагноза на болести.

„Знаете сега некој оперира, а одозгора му тече ако врне дожд. Малку е непристојно. За жал, никој тоа не го видел десетина години, сега тоа го виодовме и благодарение на заедничката, на министерот за здравство Арбен Таравари, на министерот за транспорт и потпретседател на Владата Александар Николоски, луѓето од ТАВ , но и директорот д-р Синиша Стојаноски. Сѐ е админстративно поминато на Влада, договори се потпишани и оваа недела очекувам медиумите повеќе детали да дознаат. Ќе имаме навистина европски услови“, кажа Мицкоски.

Здравствените власти неодамна најавија дека 8-ми септември ќе станува регионален центар за лекување на пациентите од Скопје, Куманово и Велес. Според нив, дел од болничките капацитети низ државата не се искористени како што треба, а од сите нив, најблиску до стандардите за нешто повеќе и подобро има ГОБ „8-ми септември“.Затоа што со најмало вложување ќе се добие најдобар одговор за подобри здравствени услуги..

Реклама

Во оваа здравствена установа има врвни лекари, специјалисти и се изведуваат методи кои не се изведуваат и на Клиника. Според надлежните, градската болница има најмногу потенцијал за да стане најголем регионален центар.