Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Го растурија бракот, сега се караат за пари: Милионските зделки ги скараа СДСМ и ДУИ

„Пукна тиквата“- милионските бизниси со Митилинеос и со кладилниците причина за раздор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Пукна тиквата“- милионските бизниси со Митилинеос и со кладилниците причина за раздор во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ. Додека законот за игри на среќа кој го турка ДУИ, а веќе доби вето од Пендароски чека да биде усвоен од трета рака, сега заглавија и таканаречените стратешки закони кои пак, се проект на СДСМ. Двата пакети се ставени на дневен ред на седница, но се поместени како последна и препоследна точка, поради стравот дека едните нема да гласат за проектот на други и обратно. Според поранешниот министер за финансии, ваквите ситуации не треба да бидат изненадувачки затоа што е јасно дека коалицијата е во тешка ситуација

Не гледаме само ова што се случува оваа недела и овој месец ќе се случуваат уште поголеми неочекувани работи затоа што коалицијата е во тешка ситуација, затоа што до сега не им успеаа сценарија за да настапат заедно на избори, а сега тие несогласување доааѓат до израз, вели Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии.

Првиот сигнал дека постои раздор меѓу владините партнери беше изненадувачкото вето за законот за игри на среќа од страна на претседателот Пендаровски, кој според опозицијата, го спечило ДУИ, преку свои луѓе во државната лотарија, целосно да го преземе мулти-милионскиот бизнис со казината и кладилниците. Интегративците возвратија со удар врз проектот на СДСМ за стратешки инвестиции, кој предвидува грчки „Митилинеос„ со милионска државна помош да гради гасна централа. Министрите од ДУИ бараа законите да се повлечат од Собрание, што и се случи, но експресно, за само неколку часа пролетаа низ влада и веднаш слетаа повторно во Собранието, каде сега му прават друштво на законот за игри на среќа. Ескпертите сметаат дека Законите се избрзани и не ни треба да се носат во техничка Влада на скоро два месеци пред избори.

Реклама

И да се донесат долго време ќе траат постапките, така како што 50 години не сме изградиле и нити сме обезбедиле стабилни извори на енергеја не ќе може ни месец два пред изборите. Тоа се се пресметување меѓусебни и што повеќе да стапат во контакти со странски инвеститори, корумпирани уште веднаш да им земат процент на провизиите, додава Хајредини

Доказ за судирот е и дека Законите за таканаречените стратешки инвестиции, за кои експерите предупредуваат дека се загрозува енергетскиот суверенитет на Македонија, во собрабнието се вратени со потопис на вицепремиерот Битиќи, кој е од СДСМ, а не од премиерот Џафери, или како предходно од Артан Груби. По се изгледа решение за судирот межу СДСМ и ДУИ се уште нема затоа што Седницата на која, на дното на дневниот ред се наоѓаат и законите за стратешки инестиции и тој за игри на среќа е повторно одложена.