Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ГО КАЧИЈА ВО ХЕЛИКОПТЕР, СЕ СЛИКАА СО НЕГО И СЕГА ГО ОСТАВИЈА САМ ВО ВИЕНА – СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА ФЗО ЗА МЛАДИОТ ЛЕОНИД

Го качија во хеликоптер, се фотографираа за да се пофалат. Го однесоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го качија во хеликоптер, се фотографираа за да се пофалат. Го однесоа до Виена и таму го оставија сам да си го плати лекувањето. Скандалозна одлука на Фондот – нема пари за лекувањето на младиот Леонид Индов кој по преживеана тешка несреќа во Грција не може сам да се движи ниту пак сам да дише.

Ако сака да се лекува во странство ќе мора да си плати од свој џеб, затоа што според нив, во Македонија можел да ја добие потребната нега, ама не кажуваат каде.

–Тој е во животозагрозувачка опасност а никој тоа не го сфаќа тука, ниту пак таа комисија што дигнала раце за да не се лекува во странство. Затоа што тоа било рехабилитација според нив и тоа можело да се третитра во нашата држава. Никаде не ми наведуваат каде треба да се обратам. Кој нормален родител би го однел некаде детето да се лекува ако има услови тука? Тука завршија сите третмани се што можеше да се направи, се што можеа направија ама детето не можеа да го извадат од респиратор, ниту пак можеа да го третираат како што треба, вели таткото на Леонид, Бранко Индов.

Реклама

Од македонските институции не добиле никаков совет ниту пак наоска за тоа каде да го лекуваат.Само се испофалија на социјалните мрежи дека наводно ги засилиле националните капацитети за ефикасна реакција во случаи на итни медициснки потреби.

-Ние бевме во Грција педесет и нешто дена. Од прв ден знаеја институциите дека Леонид скрши врат и е опериран таму ама никој не дојде да не праша дали ни треба нешто и никаква помош не добивме. Тоа го тргам на страна сакам сега детето да оди напред, вели таткото.

Вкупната сума за неговото лекување  е 140 илјади евра за која семејството побара помош и од хуманите луѓе.  До сега со донации се собрани средства кои би покриле само половина од шестмесечното лекување во Виена. Телефонските броеви за донации остануваат отворени, како и надежта на семејството за промена на одлуката на ФЗО.