Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Глумците пеат“ денеска и утре во МНТ со повеќе од 50 уметници на сцена

Повеќе од 50 уметници вечер и утревечер ќе настапат на сцената на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 50 уметници вечер и утревечер ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците пеат“.

Оваа година програмата е посветена на македонската музика — песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот низ соло изведби, дуети и групни точки.

Годинава првпат дел од проектот се Владимир Петровиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Денис Абдула, Анастасија Трајковска и Катерина Јовановиќ, кои ќе настапат заедно со веќе препознатливите имиња на шоуто: Игор Ангелов, Рубенс Муратовски, Весна Петрушевска, Билјана Драгичевиќ Пројковска, Петар Горко, Сања Арсовска, Катерина Илиевска Силјановска, Калина Наумовска, Марина Поп Панкова, Слаѓана Вујошевиќ, Маја Андоновска Илијевски, Гордана Ендровска, Емилија Мицевска, Трајанка Илиева Велиќ, Нина Деан, Наталија Теодосиева, Тина Трпкоска, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Антонио Ташковски и Горан Ников.

Реклама

Режијата е на Дејан Пројковски, а актерите ќе ги придружува голем оркестар под диригентска палка на маестро Љупчо Мирковски. Аранжманите се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а костимографијата на Марија Пупучевска.

– Се радуваме што и годинава публиката ќе може да ја доживее оваа поинаква актерска вечер. „Глумците Пеат“ е формат во кој актерите не раскажуваат туѓи приказни, туку преку музика покажуваат нешто лично. Се пее и се свири во живо, идеите се создаваат на пробите, а токму таа слобода му дава посебна динамика на шоуто и ја создава атмосферата по која е препознатливо, велат организаторите.

Шоуто е наследство на Марин Бабиќ, кој го создаде во 1990-тите, а денес продолжува преку неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ.

Билетите се достапни преку MkTickets.mk и во книжарниците на Литература.мк.