Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Глобалната криза удира и врз авиосообраќајот и туризмот – кај нас засега нема шокови, но има загриженост

Нема откажани, но нема ни поголем интерес за нови аранжмани. Глобалната криза,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема откажани, но нема ни поголем интерес за нови аранжмани. Глобалната криза, која предизвикува проблеми во авиосообраќајот и туризмот во светот, се чувствува и кај нас. Добрата вест е што засега ударот не е сериозен, но она што загрижува е, пред сè, психолошкиот момент кој влијае врз граѓаните при носењето на одлуките да се патува. Туристичките работници се внимателни, но и загрижени. Се надеваат дека војната ќе се смири и ќе се најдат алтернативни решенија за горивата во светски рамки:

Во однос на Македонија, луѓето се малку скептични, не знаат, нема откажувања, но нема ни нови резервации. Луѓето не знаат каде би патувале, кога би патувале, сите тие работи — ова е еден психолошки момент кај луѓето во однос на нивното патување во иднина – истакна Аркан Керим од Сојузот на стопански комори.

Авиосообраќајот кај нас засега се одвива нормално. До почетокот на кризата, бројката на патници беше рекордна и со тренд на натамошен раст. Ваквите состојби се должат, пред сè, на владината стратегија за поддршка на авиосообраќајот, но и генерално на туризмот. Од угостителско-туристичкиот сектор се задоволни од стратегијата на Владата, но стравуваат од несакан удар:

Реклама

– Знаеме дека во изминатиот период, благодарение на Владата и на компанијата ТАВ, беа воспоставени повеќе авионски линии на повеќе дестинации и, од податоците со кои располагаме, во изминатиот период, благодарение на тие постапки, беше зголемен бројот на туристи кои што доаѓаат во нашата држава, во Македонија – истакна Стојанче Кашиковски од Синдикатот за туризам и угостителство.

Поради проблеми со високата цена на керозинот и воздржаноста да се патува кон одредени дестинации, авиокомпании низ Европа веќе ги редуцираат летовите. Европската асоцијација на аеродроми изрази сериозна загриженост за претстојната летна сезона. Во услови на ваква глобална криза, станува јасно дека летувањата нема да бидат ниту евтини, а ниту сигурни како претходните години.