Реклама

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Прилози

Гласовите за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ сами или со коалиционите партнери, им „бетонираат“ мнозински мандати во советите

550 избрани советнички места и 12 илјади гласови повеќе од 2021 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

550 избрани советнички места и 12 илјади гласови повеќе од 2021 година освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за советничките листи во првиот круг од локалните избори. Во сите 80 општини само за советнички листи освоиле вкупно околу 301.000 гласа, за разлика од пред четири години кога добиле 290 097. За листата на партијата за Советот на Градот Скопје гласале 81.669 гласачи, и со тоа ВМРО-ДПМНЕ доби 18 советнички места и ако се додадат оние шест на „Вреди“ и едно на Движењето ЗНАМ има доволно за мнозинство или вкупно 25.

За разлика од Скопје, каде трите партии од владејачката коалиција го имаат мнозинството, во вкупно има 37 општини само ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од половина од советите. Од скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Кисела Вода, Аеродорм, Ѓорче Петров и Гази Баба. Тие се најбројни и во Карпош и во Бутел.

Во Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел најбројни се советничките групи на ВМРО ДПМНЕ. Во Кисела Вода и Гази Баба од 27 советници, по 17 се на владеачката партија, а убедливо е и мнозинството во Ѓорче Петров, 14 советници на ВМРО ДПМНЕ, од вкупно 23. Во Аеродром партијата освои 15 мандати од вкупно 27, а во Бутел 10 од 19. Во Карпош, од 27 советнички места, 11 се на ВМРО-ДПМНЕ.“

Реклама

Од локалните самоуправи ширум Македонија, се изводјува Струмица, каде по повеќе од две децении владеење на СДСМ, градот не само што избра нов градоначалник, туку ѝ даде доверба и на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Со речиси 13 и пол илјади гласови, партијата доби 13 советници од вкупно 23, што значи цврсто мнозинство и можност за непречено спроведување на локалните политики.

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА СТРУМИЦА ВКУПНО 23:

ВМРО-ДПМНЕ 13 советници

СДСМ 8 советници

ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ 1

ЛЕВИЦА 1

Во Штип, ВМРО-ДПМНЕ исто така има повеќе од доволно советници за мнозинство односно 16 од вкупно 23 мандати. Слично е и во Прилеп, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Велес, Гевгелија ит.н.

Во охридскиот совет има вкупно 23 столчиња, а 13 од нив припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Таму и владиниот партнер, Движењето ЗНАМ има два мандати, па поддршка градоначалникот Кирил Пецаков би имал од вкупно 15 советници.

Интересно е што во Кривогаштани победи СДСМ, но советот е изедначен односно по пет советници имаат ВМРО-ДПМНЕ и социјалдемократите, и едно и припадна на Левица.