Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Глас на Америка: Вечера во вселената, нови научни докази за магнетното поле на сонцето

Изминатава недела беа добредојдени новите астронаути од Европската вселенска агенција, каде што неодамна дипломираните студенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатава недела беа добредојдени новите астронаути од Европската вселенска агенција, каде што неодамна дипломираните студенти на ЕСА од класата 2022 година ги добија своите први задачи за мисија.

„Тоа е неверојатно. Навистина ми недостигаат зборови за да опишам колку сум среќна. Но, да, тоа ќе биде одлична авантура почнувајќи од сега. Две години поминаа преку интензивна обука и многу модули за да се квалификувате. Многу нови научни експерименти за учење. И, да, ќе биде густо и интензивно. Веќе знам, но подготвена сум за тоа“,вeли Софи Аденот, француска астронаутка.

Таа и нејзиниот неодамнешен дипломец, Рафаел Лиго се планирани за патувања до Меѓународната вселенска станица во 2026 година.

Реклама

((Raphaël Liégeois, Belgian-Luxembourgish Astronaut))

“Се чувствувам одлично. Само што ги добивме вестите за задачите и јас сум возбуден. Тоа е нов чекор во оваа неверојатна авантура. Доаѓа малку порано од она што го очекував, да бидам искрен, но не, одлично е“, вели Рафаел Лиго, белгиско-луксембуршки астронаут.

Од Европската вселенска агенција велат дека планира да ги лансира сите пет нејзини неодамна дипломирани астронаути во мисиите до 2030 година.

На друго место во Сончевиот систем, истражувањата покажуваат дека магнетното поле на Сонцето е поблиску до површината отколку што се мислеше.

Научниците го споредија магнетното поле со растегната гумена лента, а кога таа лента ќе се скрши, таа лансира материјал од сонцето во вселената, создавајќи соларни бури како оние што неодамна ја зафатија Земјата.  

Во најголем дел, тоа беа слики на небото во форма на поларна светлина видливи од целиот свет. Но, истражувачите велат дека други вакви бури може да предизвикаат сериозна штета.

„Во 1800-тите, имало исклучително силна соларна бура што ја погодила Канада наречена Карингтон. Ако тоа ги погоди САД денес, се проценува дека ќе предизвика штети од еден до два трилиони долари“, вели Даниел Лекоанет, Северозападен универзитет.

Данскиот готвач на Мишелин, Расмус Манк и стартапот од Флорида, Спејс перспектив, планираат неспоредливо искуство за јадење на вселенскиот брод Нептун на таа компанија.

Манк вели дека ставките од менито ќе вклучуваат ѕвезди што светат во мракот направени од аерогел и протеин од медуза, заедно со делови од вселенски отпад што може да се јаде.

Шест гости веќе имаат резервации на вселенскиот брод Нептун за крајот на 2025 година, каде што ќе вечераат од работ на вселената.

Менито со вклучен билет чини 495 илјади долари.

Тоа е далеку од говедското месо и друга вселенска храна која се пие од алуминиумска цевка како што повеќето астронаути во вселената денес го нарекуваат „храна“.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон