Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Гир: Се надевам дека членовите на Судски совет ќе свртат нова страница и ќе ги спроведат препораките

Меѓународната заедница под будно око ги следи сите случувања, коруптивни афери, скандали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународната заедница под будно око ги следи сите случувања, коруптивни афери, скандали во правосудниот систем, незаинтересираноста за реформи. Од нас се бара сериозна посветеност, ако сакаме да одиме напред, но – како Владата да не ги слуша. Евроамбасадорот, по средбата со претседателката на Судски совет, Весна Дамева, им порача на членовите на советот, да си свртат нова страница и да ги спроведат препораките на оценската мисија.

Се надевам дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките на оценката мисија на Европската комисија. После одлуката на Управниот суд покажав заинтересираност да се сретнам со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева. Како што можете да забележите, јас не се сретнав со нејзиниот претходник, со што ја искажавме нашата загриженост во врска со начинот на кој беше таа разрешена, но и за начинот на кој беше избран тогашниот претседател. Причината на оваа средба со Дамева беше да разговараме за состојбите во Судскиот совет, како и во врска со препораките на оценската мисија на Европската комисија и мерките кои ќе бидат преземени од страна на советот.  рече денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир

Претседателката на Судскиот совет, пак, го информирала евроамбасадорот дека за секоја од препораките од Оценската мисија во врска со работата на Советот ќе бидат донесени соодветни заклучоци на работилницата „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ што ќе се одржи следната недела. Гир ја поздравил пресудата на Управниот суд по која Дамева повторно се врати на чело на Советот по нејзиното разрешување во мај минатата година.

Реклама

Сепак, судството и натаму останува најдлабока рана. Скандалите во Судскиот совет се најдоа во Извештајот на Оценската мисија на ЕУ а таму беше нотирано дека правосудниот систем е во критична состојба и потребна е итна акција.

Претходно, алармираше и амбасадорот на Холандија, кој не ги штеди критиките кога е во прашање македонското судство. Според него две години има постојан пад на владеењето на правото, а показател за тоа се политичките влијанија врз многу одлуки на судската власт. Сепак власта критики не гледа.