Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Героски: Наместо да бара нови црвени линии, Филипче требаше да ги почитува оние дефинирани уште пред четири години

Јасно како ден е дека Бугарија нема да го смени наративот, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасно како ден е дека Бугарија нема да го смени наративот, ниту политиката за Македонија и билатералниот спор, а опозицијата наместо да се става на иста линија со источниот сосед и да бара нови црвени линии, да се држи до резолуцијата за која пратениците на СДСМ гласаа во 2021. Тоа е резолуцијата што тогаш како опозиција ја поднесе ВМРО ДПМНЕ во која прецизно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. Колумнистот и политичкиот аналитичар Бранко Героски во однос на бугарското писмо на тамошниот министер за надворешни кое наликува на наративот на социјалдемократите, оценува дека лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да ги почитува постоечките црвени линии дефинирани уште пред 4 години, а не да бара нови.  

СДСМ предизборно, повторно ја отвораат темата за исцртување на македонски црвени линии кои тие во повеќе наврати ги погазија. За постоечката резолуција гласаше и СДСМ, но само една година подоцна целосно ја погази со прифаќањето на францускиот предлог кој освен што ги загрози националните интереси, ги блокираше и евроинтеграциите.

Венко Филипче повика на политичко единство во Собранието за ова прашање иако знае дека ниту Владата ниту граѓаните се за внесување на Бугарите во Уставот, под бугарски диктат. Тој најави дека до крајов на неделава резолуцијата ќе биде готова и достапна на јавноста. Претходно се залагаше, да се направат уставни измени и да се отпочнат преговорите, но нема одговор што ако Македонија попушти и бадијала ги внесе Бугарите во Уставот, а се соочи со нови услови и сопки?

Реклама

Софискиот парламент досега донесе неколку резолуции за билатералното прашање со Македонија. Последната е од мај годинава. Официјална Софија порача – Нема да отстапиме ниту сантиметар од договореното.