Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Свет

Германската Влада пред распаѓање откако Шолц го смени министерот за финансии

Германската владејачка коалиција се наоѓа во сериозна криза откако канцеларот Олаф Шолц…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германската владејачка коалиција се наоѓа во сериозна криза откако канцеларот Олаф Шолц го смени Министерот за финансии Кристијан Линднер и кажа дека ќе се гласа за доверба на Владата на 15 јануари. Шолц изјави дека веќе нема доверба во Линднер, кој е лидер на партијата Слободни демократи, која беше дел од коалицијата.


Овој потег значи дека Владата на Шолц веќе нема мнозинство во парламентот и ако не ѝ се изгласа доверба, Германија би можела да оди на предвремени избори во март.
Таканаречената коалиција „Семафор“, составена од три партии, ја води Германија од 2021, но во изминатите недели се засилуваа внатрешни тензии.


„Линднер ја изневери мојата доверба и ги стави интересите на неговата партија пред оние на државата. Германија мора да покаже дека други држави можат да се потпрат на неа“, кажа Шолц.

Реклама


Линднер го обвини Шолц дека ја води германија кон неизвесност. Германија се соочува со втора година по ред без економски раст. Шолц и партнерите од партијата на зелените сакаат да се справат со ова со олеснување на уставните правила за јавен долг, така што ќе се дозволи повеќе трошење. Линднер, пак, сака да ги покрие даночните намалувања со кратење на буџетите за социјална помош и со отфрлање на еколошките цели.


Министерот за економија Роберт Хабек кажа дека партијата на зелените ќе остане во Владата.