Реклама

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Свет

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот

Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт за неделното издание на весникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт за неделното издание на весникот „Билд“ изјави дека планира со нов план да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот, објави ДПА.

На луѓето што доаѓаат тука треба да им се даде можност да работат, и тоа брзо, рече тој, истакнувајќи дека најдобрата форма на интеграција е работната средина. Според планот, на барателите на азил би можело да им се дозволи да работат по три месеци во Германија, дури и ако процесот на барање за азил не е завршен. Учеството би било доброволно, без обврска за започнување работа.

Портпаролката на Добринт изјави дека новите правила нема да влијаат на постапката или исходот од барањата за азил. Дали барателот на азил работи или не, нема да влијае на процедурата, која ќе се одвива независно. Планот експлицитно ги исклучува оние чии барања се одбиени и кои не соработуваат во процесот со криење на својот идентитет или давање лажни информации.

Реклама

Според Федералната агенција за вработување, во моментов можат да добијат дозвола за почеток на работа барателите на азил ако законски престојуваат во Германија три месеци. Сепак, оние кои треба да останат во прифатните центри не можат да бидат вработени, што може да го продолжи периодот на чекање на шест месеци. Барателите на азил од таканаречените безбедни земји на потекло треба да останат во прифатните центри во текот на целата постапка.