Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Герасимовски: Го вративме шармот на старо Скопје, со корзо и игранка ги сплотивме центарци во незаборавна вечер

Општина Центар  го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар  го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот  на некогашно Скопје.

Настанот, информираат од локалната самоуправа, започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите  исполнети со музика и танцување.

Во топла и ведра атмосфера,  повозрасните сограѓани евоцираа спомени од младоста,  додека помладите имаа можност да го почувствуваат духот и традицијата на старото градско живеење.

Реклама

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека ваквите настани имаат посебно значење за зачувување на автентичниот дух на градот.

-Синоќа успеваме да ги вратиме барем на миг златните скопски времиња. Корзото повторно ги сплоти центарци и покажа дека блискоста, дружењето и почитта сè уште живеат меѓу нас- порача  Герасимовски.

Општина Центар континуирано организира настани со кои се афирмира културното наследство на градот и воедно  ги сплотува  граѓаните од сите генерации.