Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Герапетридис дојде во Скопје, ама не ја отвори темата за Преспанскиот договор

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетридис дојде во Скопје, ама…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетридис дојде во Скопје, ама заедничкиот состанок во рамки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа не се отворила темата за Преспанскиот договор и името на земјава.

– Не беше отворена темата. Седевме еден до друг. Многу сум задоволна што дојде. Оставивме простор бидејќи му доцнеше летот, да се обрати како последен. Пораките му беа регионално обоени, дека треба да си помагаме, да градиме владеење на правото, да го почитуваме меѓународното право, дека треба да продолжиме таму каде што имаше многу јасни определби на Солунскиот самит. Тоа беа разговорите. Мислам дека атмосферата беше пријатна, пријателска, беше и заменик министерката за надворешни работи, со која се познаваме. Милам дека луѓето од Балканот кога е потребно умееме да се разбереме. Многу сум задоволна особено поради целосно усогласената декаларација која беше усвоена, рече Сиљановска Давкова.

Прашана, претседателката дали очекува ако ја продолжи праксата со употребата на името на државата, да дојде до блокада од Грција и повлекување на поддршката за приклучувањето во ЕУ, како и евентуално други последици, претседателката кажа дека „не мисли дека го крши Уставот.

Реклама

– Да потсетам, моите документи, тие што ги потпишувам, тие што ги поседувам, пасош, лична карта, сите документи кои излегуваат од кабинетот се со уставното име. Тоа е во рамки на меѓународното право и во рамките на Уставот. Точно е дека секоја изјава на луѓето од политиката, од оние кои се на функции се толкува како да е официјален чин, но секој од нас има, како јин јанг две лица, едно офцијално и едно друго. Јас како човек имам право, повторувам од Сократ до денеска, во рамки на слободата и мислата, слободното изразување на мислата, да се изразувам така како што тоа го правам и не мислам дека тоа е кршење ниту на Уставот ниту на меѓународното право, истакна Сиљановска Давкова.

Герапетридис пристигна попладнето, иако министерскиот состанок на шефови на држави и влади кои се дел од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, започна рано изутрината. Тој не застана пред новинарите да даде изјава кои го пречекаа на самиот влез на хотелот, но веднаш по завршувањето на Самитот, во изјава за телевизија ЕРТ порачал дека Грција ќе биде меѓу оние земји кои ќе застанат до земјите од ЗБ, на патот кон ЕУ.

Патот кон Европа ќе треба да продолжи и Грција ќе биде меѓу оние земји кои ќе застанат до земјите од Западен Балкан, со почитување на демократијата и владеењето на правото и со надеж Европа да стане поширокото семејство на сите држави, истакна шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ.