Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Газдата на Дурмо Турс повторно не се појави во Идризово за да ја отсслужи затворската казна

Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за тешката автобуска несреќа кај Ласкарци, и денеска не се појави во затворот Идризово за да ја започне казната. Наместо тоа, тој бил хоспитализиран во Клиничката болница Тетово, каде денеска имал закажана операција на тестиси.

Белули поднел барање за одлагање, при што во образложението било наведено дека е примен во болница на 28 ноември поради здравствени проблеми. Нов термин за започнување на казната е 17 декември.

Ова е трето по ред одложување на Белули поради здравствени причини. Во меѓувреме, второобвинетиот Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк на „Дурмо Турс“, е во бегство. Тој исто така побара одлагање на казната поради операција на хернија, но потоа не се појави во Идризово, по што беше распишана потерница.

Реклама

Инаку, пресудата за двајцата е правосилна, а за разлика од нив, останатите осудени веќе се во „Идризово“: возачот Маноил Трифуновски (14 години), Јане Бобарoвски (5 години), тројцата вработени во техничкиот центар по 7 години.

Несреќата кај Ласкарци се случи во 2019 година, кога автобус на „Дурмо Турс“ излета од автопатот поради делумно неисправни сопирачки. Загинаа 14 патници, а повеќе од 50 беа повредени.

Според обвинението, автобусите биле технички прегледувани во станица што формално имала различен правен субјект, но ист сопственик – Белули.