Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Гаши: Заеднички, прекугранични решенија за справување со предизвиците на Медитеранот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се обрати на Парламентарно-економскиот форум на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се обрати на Парламентарно-економскиот форум на Медитеранот, кој се одржува во Маракеш, Кралството Мароко.

Форумот претставува важна платформа за унапредување на соработката меѓу медитеранските земји во области како што се економијата, демократијата и одржливиот развој.

Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека Македонија, иако мала по територија, има големи амбиции и јасна визија за иднината. „Ние ја разбираме моќта на поврзаноста – економска, политичка и човечка“, рече тој, нагласувајќи ја заложбата на државата за регионална соработка и заеднички просперитет.

Реклама

Говорејќи за предизвиците со кои се соочува Медитеранскиот регион – климатските промени, миграциите, економските нееднаквости – претседателот Гаши повика на заеднички, прекугранични решенија и истакна дека ваквите форуми се можност за конкретна акција, не само за дискусија.

„Мораме да создадеме механизми за инклузивни инвестиции, да ги охрабриме младите генерации и да ја унапредиме зелената економија. Македонија е подготвена да даде активен придонес“ – рече Гаши.

Тој, исто така, посочи дека Собранието активно работи на усогласување на законодавството со европските стандарди, со цел создавање на транспарентна, праведна и конкурентна економска средина.

На крајот од своето обраќање, претседателот Гаши повика на продлабочување на соработката меѓу парламентите, бизнисите и граѓаните на медитеранските земји, со цел градење на заедничка иднина заснована на мир, просперитет и солидарност.