Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Гаши утре во Софија на билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Доцова: Нашите ставови за уставните измени се познати

Претседателот на Собранието Африм Гаши утре во Софија ќе има билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Михаела Милчева Доцова на маргините на конференцијата на Процесот за соработка во ЈИЕ, на која ќе има обраќање.  Гаши на денешниот брифинг со новинарите рече дека темите за разговор ќе бидат соработка на парламентарно ниво, бидејќи досега немало […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши утре во Софија ќе има билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Михаела Милчева Доцова на маргините на конференцијата на Процесот за соработка во ЈИЕ, на која ќе има обраќање. 

Гаши на денешниот брифинг со новинарите рече дека темите за разговор ќе бидат соработка на парламентарно ниво, бидејќи досега немало некоја интензивна соработка, а во однос на уставните измени, нагласи, дека ќе ги повтори нашите веќе познати ставови. Тоа, како што кажа, се ставови на државата, но и негови лични.

– Треба да разговараме, треба да одиме напред, да најдеме начин како да бидеме заедно во ЕУ. Мислам дека иднината треба да не спојува а не минатото, така што одам со позитивна мисла и сакам да учествувам во подобрување на односите помеѓу нашите две држави и два парламенти – рече Гаши. 

Реклама

Во однос на соработката на Парламентите рече дека поради нивната политичка ситуација и честите избори во Бугарија немало можност да се воспостави директна добра комуникација со нивното Собрание.

– Сега се трудиме со новиот состав, после парламентарните избори таму да воспоставиме добра комуникација – рече Гаши.  

На состанокот во Софија веќе присуствуваат двајца пратеници, на кои Гаши утре ќе им се приклучи. 

Минатата недела во Софија на состаноци во рамки на ПСЈИЕ со кој претседаваше Бугарија учествуваа претседателката Гордана Сиqановска Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.