Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор

Ревизорските извештаи претставуваат клучен инструмент за контрола и отчетност и бараат сериозно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ревизорските извештаи претставуваат клучен инструмент за контрола и отчетност и бараат сериозно и суштинско разгледување од страна на пратениците и собраниските служби – порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на настанот „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“.

Гаши потсети дека во ревизијата важи принципот тоа што не е документирано, не е ни направено нагласувајќи дека Собранието во наредниот период ќе се насочи кон конкретни активности за подобрување на надзорната улога.

Тој најави три приоритети, како што е зајакнување на механизмите за следење и спроведување на наодите и препораките од ревизијата, унапредување на парламентарните капацитети за толкување на ревизорските извештаи и усогласување на законодавството со европските стандарди, вклучително и донесување на новиот закон за државна ревизија.

Реклама

Во обраќањето Гаши ја нагласи и важноста на партнерството со ОБСЕ, чија експертиза, како што рече, е значајна за ефикасно практикување на парламентарниот надзор.

Според него, извештаите и поддршката на ОБСЕ се од исклучително значење за унапредување на институционалната отчетност.

– Кога оваа соработка целосно ќе се материјализира, надзорот ќе се врати кај Собранието, одговорноста кај институциите, а транспарентноста кај јавноста – истакна Гаши додавајќи дека отчетноста во такви услови се претвора во доверба.

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, во своето обраќање истакна дека меѓународните оценки – од ОБСЕ/ОДИХР, ГРЕКО и Венециската комисија – постојано укажуваат дека функционалната демократија зависи од тоа колку ефикасно парламентите ги разгледуваат наодите на надзорните институции и ги следат препораките.

– Како пратеници имате клучна одговорност да барате отчетност од владата и институциите со цел јавните ресурси да се управуваат законито, транспарентно и во интерес на граѓаните – порача Вал и потсети дека покрај донесувањето закони и буџети, надзорот е еднакво важен дел од работата на парламентот.

Вал нагласи дека Државниот завод за ревизија е еден од темелите на системот за надзор обезбедувајќи независни и докази засновани на процени за трошењето на јавните средства и институционалната ефикасност.

Според него, ревизорските извештаи – вклучително и оние за финансирањето на изборните кампањи – нудат јасни анализи и препораки што заслужуваат парламентарно внимание.

Тој посочи дека ова е особено важно во контекст на изборите, каде што навременото парламентарно ангажирање во однос на ревизиите на финансирањето на кампањите може да спречи повторување на слабостите и да ја зајакне довербата во изборниот процес.

Според главниот државен ревизор Максим Ацевски, ревизијата не е само констатирање слабости, туку инструмент за унапредување на институционалните системи и зајакнување на финансиската одговорност.

Тој посочи дека ревизорските извештаи се стручна основа за парламентарниот надзор и за демократска контрола врз трошењето на јавните средства, потоа следењето на имплементацијата на препораките дека е клучен елемент за затворање на циклусот на отчетност.

– Нашите граѓани имаат право да бидат сигурни дека секој денар е искористен на најдобар можен начин. На Државниот завод за ревизија му е доверена одговорноста да обезбеди дека јавните средства се користат во согласност со законите и најдобрите принципи на финансиско управување – истакнс Ацевски.

Тој додаде дека донесувањето на новиот закон за државна ревизија ќе ја потврди оперативната и финансиска независност на институцијата и ќе го унапреди статусот на вработените.