Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Гаши: Пратениците да ги почитуваат дигнитетот и етичкиот кодекс во меѓусебната комуникација

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, на средба со новинарите информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, на средба со новинарите информира дека ги повикал координаторите на пратеничките групи да им пренесат на пратениците дека треба да го сочуваат дигнитетот на Собранието и да го почитуваат етичкиот кодекс во меѓусебната комуникација како внатре во законодавниот дом така и надвор од него. Гаши потврди дека овој свој став го изнел на денешната редовна координативна средба во Собранието по минатонеделната преписка на социјалните мрежи помеѓу пратениците Димитар Апасиев од Левицата и Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ. 

– Го иницирав прашањето на дигнитетот и етичкиот кодекс во врска со начинот како се однесуваме како пратеници и во Собранието и надвор од него и ги замолив координаторите да им укажат на сите пратеници да бидеме сите повнимателни едни кон други, а исто и кон граѓаните, затоа што во односот што го имаме ние еден наспроти друг, честопати го уриваме и нашиот личен дигнитет, но и на Собранието – рече Гаши.

Политичките ставови, додаде тој, може да ги искажеме на говорница, каде што сакаме јавно, но не мора, да се понижуваме на таков начин едни со други. 

Реклама

На новинарски прашања Гаши информира дека пратеничките групи, освен Левицата, сè уште немаат доставено предлози за членови за анкетната комисија за Кочани и за другите несреќи. Што се однесува до процедурата, рече претседателот на Собранието, сè е почитувано. Иако најавија, до петокот СДСМ не доставил имиња за членови на анкетката комисија. – Можеме да зборуваме на координацијата и за ова – рече претседателот на Собранието. 

Иако беше најавено дека до крајот на јануари ќе се состане и работната група за Изборниот законик, досега немало состанок. 

В среда Собранието ќе ја одржи 85. седница, на која ќе бидат констатирани оставките на Марко Бислимовски, претседател на РКЕ, и на Цвета Ристовска, членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, а се очекува Гоце Наумовски да биде избран за нов уставен судија. На оваа седница би можел на дневен ред да биде ставен и законот за минимална плата, што го предложи СДСМ, но, како што рече Гаши, тој сè уште се проверува и оти еднаш веќе беше вратен на доработка. Пред почетокот на работата на пратениците по точките од дневниот ред в среда, ќе се одржат опозициските прашања до премиерот и до министрите. 

Гаши информира дека седницата за пратенички прашања е закажана за 26 февруари, како и дека на 5 март ќе се одржи седница посветена на Денот на жената – 8 Март, на која се очекува да присуствува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.  

Запрашан за позициите на Алтернативата во врска со обединувањето на „Вреди“ во еден политички субјект, Гаши, кој доаѓа од оваа политичка партија, рече дека актуелниот претседател на партијата, Беким Сали, кој воедно е и вицепремиер за евроинтеграции, има негова целосна поддршка. Гаши посочи дека нивниот став е дека обединувањето на „Вреди“ во политичка партија треба да биде засновано врз принципите на рамноправност и консензуално одлучување, без да одговори дали во Алтернативата се согласни на процентуалните поделби во органите на партијата и во власта, што се посочуваат во медиумите. Според него, во Алтернативата повеќе се разговара за принципите и за што ќе се залага „Вреди“, за програмата…, а не за тоа кој ќе биде претседател на партијата. Тој е дециден дека „Вреди“ треба да оди кон окрупнување и дека албанскиот блок треба да се стабилизира и да има два блока, како во македонскиот, и оти се бара најдобриот начин како да се направи тоа. Најавената реконструкција на Владата, вели Гаши, не се поврзува со процесите во „Вреди“.