Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Гаши оствари средба со делегација од НДИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со делегација од Националниот демократски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со делегација од Националниот демократски институт (НДИ), предводена од регионалниот дирекотор на НДИ за Европа и Евроазија, Скот Бејтс, соопштија попладнево од собраниската прес-служба.

– Во состав на делегацијата беа Нада Мазукина, заменик-регионална дирекоторка на НДИ за Европа и Евроазија, Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ Македонија и Дејвид Сип, тим лидер на Проектот на НДИ –  „Заедници со интегритет“. Гаши му честита на новоименуваниот директор на НДИ за Европа и Евроазија, Скот Бејтс, за новата функција и му посака многу успех во работата и соработка на многу проекти. Исто така, изрази голема благодарност до НДИ за долгогодишната безрезервна поддршка што ја дава на Собранието, потенцирајќи дека сите активностите на НДИ се во полза на зајакнувањето на демократските процеси во земјава, се наведува во соопштението.

Гаши ги истакнал неговите заложби за зголемување на транспарентноста на Собранието во насока на приближување на граѓаните кон законодавниот дом и јакнење на довербата во институцијата.

Реклама

– Бејтс истакна дека постигнатите успешни проекти се резултат на покажаната волја за соработка и остави отворена врата за продлабочување на истата, потенцираа од собраниската прес-служба.