Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска посочи дека мнозинството останува стабилно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет. Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши напомена дека премиерот е тој што треба да го предложи, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.

-Стабилно е мнозинството. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од „Влен“. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет, изјави Гаши одговорајќи на новинарско прашање, пред почетокот на Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“.

Прашан кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши одговори дека најпрвин премиерот треба да го предложи новиот министер, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.

Реклама

-Како што знаете, и по Закон и по Деловник, предлогот доаѓа од Владата. Премиерот треба да предложи нов министер. Кога ќе дојде на дневен ред предлогот, тој предлог веднаш во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе ја ставиме на првата наредна седница, посочи Гаши.

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити синоќа пред седницата на Централното претседателство на ВРЕДИ соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција, како и дека Арбен Фетаи ќе биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење.