Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Гаши и Зунгу најавија зајакнување на парламентарната соработка меѓу Македонија и Танзанија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу, во рамките на пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, што се одржува во Скопје, при што беше истакната подготвеноста за унапредување на билатералната и на парламентарната соработка меѓу двете земји – соопштуваат од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу, во рамките на пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, што се одржува во Скопје, при што беше истакната подготвеноста за унапредување на билатералната и на парламентарната соработка меѓу двете земји – соопштуваат од Собранието.

– Изразувајќи задоволство од реализацијата на оваа прва билатерална средба, двајцата соговорници изразија подготвеност за почнување парламентарна соработка преку воспоставување групи за пријателство во законодавните домови на двете држави, која би можела да ја отвори вратата и да придонесе и за економска соработка со Танзанија имајќи предвид дека Африка е пазар во развој – стои во соопштението од Собранието.

Двајцата претседатели се осврнале и на претстојната конференција на Интерпарламентарната унија, која е предвидено да се одржи во октомври 2026 во Аруша, Танзанија, како значајна можност за промоција на државата како фактор на стабилност во Источна Африка, а истовремено би ја зајакнала меѓународната соработка преку зближување на парламентарците од целиот свет за поттикнување дијалог, споделување најдобри практики и градење партнерства за глобалните предизвици, како што се одржливиот развој, мирот и демократското управување.