Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам посакувајќи благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во семејствата. 

Гаши истакнува дека на денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит.

Овој свет празник, потенцира собранискиот спикер, нè потсетува на важноста од грижата едни кон други, споделувањето на добрината со семејството, соседите и со сите оние на кои им е потребна поддршка и човечка топлина.

Реклама

– Курбан Бајрам е исто така повик за поголемо единство, мир и хармонија во нашето општество, зацврстувајќи ја вербата дека само заедно можеме да изградиме подобра иднина за сите граѓани. Во име на Собранието и во мое лично име, ви посакувам овој празник да донесе благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во вашите семејства. Честит Курбан Бајрам! – вели претседателот на Собранието Африм Гаши во честиткатата по повод Курбан Бајрам.