Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Гаши: Добро е да се постигне заеднички меѓупартиски договор за укинување на техничката влада

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска истакна дека не верува оти без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска истакна дека не верува оти без да има некој начелен договор помеѓу партиите, Владата да предложи законски измени за укинување на техничката влада.

– Можам да кажам дека сè уште нема никаков предлог од Владата во однос на оваа тема. Се согласувам дека за закони што се од поголема важност, особено за Законот за работата на Владата, мислам дека треба да се договраме повеќе пред да ги донесеме пратениците пред свршен чин. Но мислам дека лидерската средба беше токму во таа функција. Мислам дека разговорите течат. И не верувам дека Владата, без да има некој начелен договор помеѓу партиите, ќе предложи нешто толку големо и круцијално, но сепак зависи од нив – рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Потенцира дека кога ќе пристигне предлогот од Владата, ќе го достават до пратениците и ќе почне процедурата. Нагласи дека потоа и политичките партии, но и граѓаните, ќе ценат дали е во ред тоа или не.

Реклама

На новинарско прашање дали се подготвени како владејачко мнозинство да гласат за укинување на техничката влада без согласност од опозицијата, Гаши рече дека законот тоа го овозможува и не го забранува, но смета дека треба да се постигне договор.

– Особено за такви работи за кои заедно се дошло до такво решение. Мислам дека подобро би било сите заеднички да се договориме кога престанува потребата од таква техничка влада. Сега ако се настојува да се пристапи инаетчиски или унилатерално и тврдоглаво да се застане зад некој став, тоа е друга работа. Но, треба да се аргументира и да се дојде до решение што сите заедно еден ден ќе кажеме – оваа техничка влада веќе не ни треба. Ако дојде до таков момент, мислам дека е добро заедно да го изгласаме тоа решение. Воопшто зборувам во принцип, силината на аргументите да бидат битни за решавање на проблемите, а не некој посебен интерес на некоја политичка партија – рече спикерот Гаши.