Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Гаши ќе се сретне со досегашните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе оствари средба со досегашните претседатели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе оствари средба со досегашните претседатели на законодавниот дом.

Како што информира вчера, неговата идеја за ваква средба била за да се искаже почит кон нив, но и тие да ги пренесат своите искуства.

– Веќе имавме една средба, помеѓу првиот и вториот изборен круг. Идејата беше моја, да најдеме начин како да го искористиме искуството на поранешните претседатели на Собранието. Мислам дека тоа е бесценето искуство, кое за секој актуелен претседател на Собранието би било добро да го искористи. Како идеја ја искажав на тој состанок и видов дека сите поранешни претседатели беа согласни. На првата средба не дојдоа само Талат Џафери и Јован Митрески. Присуствуваа четворица поранешни претседатели. Не е нешто задолжително. Тоа е по нивна волја. Сите се поканети на средба, а утре ќе видиме кој ќе дојде. Ќе разговараме како тоа би го формализирале, да биде советодавно тело – рече Гаши.

Реклама

Идејата има две компоненти, додаде тој,  првата е да се искаже почитта кон нив, а втората е да се искористи нивното искуство.

– Ние и тој ден кога разговаравме, увидовме дека некои проблеми со кои тие се соочувале ги имаме и ние денеска – рече тој.

Гаши истакна дека слабо се користат искуствата на поранешните функционери, без разлика дали се претседатели на државата, премиери или пратеници. Неговата намера е овие средби да станат редовна пракса најмалку трипати во годината, но по потреба да може да се одржуваат и ад хок.

– Ние можеме да имаме идеолошки и партиски разлики, но кога сте вршеле таква битна функција, тогаш тоа е над идеологиите и политичките разлики. И тоа искуство што сте го стекнале не можете да го чувате само за себе. Тоа искуство треба да го пренесеме и да најдеме начин како да го употребиме – рече претседателот на Собранието Гаши.