Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Гаранции од Брисел и испорака од Софија, Мицкоски од Лондон со порака: Да во ЕУ, но со заштитен идентитет 

Без отстапки од националните интереси, со јасна визија за иднината на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без отстапки од националните интереси, со јасна визија за иднината на Македонија во Европската унија и со заштитен идентитет и достоинство. Премиерот Христијан Мицкоски од Лондон испрати порака до Брисел но и до Софија. Македонија очекува гаранции од Европската Унија и испорака од Бугарија – да го почитува Договорот за добрососедство и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур кои се однесуваат за македонското малцинство кај нашиот источен сосед. Од Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Мицкоски порача дека Македонија ќе стори се да ја исполни стратешката цел – членство во ЕУ но без да се задира во македонскиот идентитет.

Мора да има гаранции од ЕУ и испорака од Бугарија, почитување на меѓународното право, пресудите од Стразбур, тоа не се дополнителни услови, тоа значи партнерство, тоа значи добрососедски односи помеѓу двете земји.  Многу пати кажувам, теба да победуваме дома, домашната задача е најважна, но мора да победуваме во сите главни градови на членки на ЕУ и влијателни држави во светот, ќе се брориме за националните интереси, иднината на Македонија е во ЕУ, ќе сториме се што е во наша моќ да ја исполниме оваа стратешка цел но и да ги заштитиме националните интереси, изјави Мицкоски во Лондон, по Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

По средбата до британскиот премиер Кир Стармер, владината делегација оствари низа средби со лидери на земји членки на ЕУ  – се разговарало за напредокот на Македонија и реформските процеси кои треба да не подготват за членство во Унијата. Пораката испратена од нив е дека Македонија е одговорен партнер кој активно придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот.

Реклама

Пораката од ЕУ и другите земји е дека иднината на ЗБ е во ЕУ. Канцеларот Мерц јасно кажа како го гледа регионот, многу јасни насоки дадоа како го гледаат  регионот премиери на држави од ЕУ кои испратија јасна порака. Останувам оптимист но важно е да испорачаме и реформи, очекувам и прогрес во откочување на проблемот. Наша цел е да го заштитиме нашето достоинство и нашиот идентитет, додава Мицкоски.

Мицкоски средбата со Кралот Чарлс Трети ја оцени како признание за почит но и поттик да се продолжи по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.

Навистина беше невообичаен настан за нас од Балканот, голема чест да бидеме дел од тој настан, да поразговараме за случувањата во регионот, го кажав тоа што е поврзано со Македонија, тој кажа за неговото искуство кога бил во Македонија, разговаравме со цел државен врв, додаде премиерот.

Инаку, Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката и економската соработка на Западен Балкан и негово приближување кон Европската Унија. Со цел да ги поддржат шесте држави во нивните евроинтеграции, се одржуваат самити во различни европски градови на кои се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области како безбедност, дигитализација, економија, зелена енергија, земјоделство…