Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

Во периодот од 7 август 2025 до 20 август 2026 година, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 7 август 2025 до 20 август 2026 година, од вкупно 1.883 поднесени и разгледани барања за остварувањето на правото на биомедицинско потпомогнато оплодување – БПО, дури 237 се однесуваат на четврти, петти или шести обид – информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).  

Проширувањето на правото до шест обиди за БПО, што претходно не постоеше на товар на Фондот, како што посочуваат, не останало само законска можност, туку право што осигурениците реално го користат и речиси 12,6 проценти од сите барања разгледани во првата година од законските измени се токму за дополнителните обиди.

– Од 237 поднесени барања, 216 барања се за четврти обид, 17 барања се за петти обид и 4 барања се за шести обид. Зад секоја од овие бројки стои семејство што добило уште една можност да продолжи таму каде што претходно системската поддршка завршувала – се вели во соопштението од Фондот.

Реклама

Проширувањето на правото на БПО, појаснуваат од Фондот, била една од определбите во владината програма, а Фондот за здравствено осигурување пристапил кон нејзина брза и целосна реализација. Паралелно со подготовката на законските измени беа приспособени и интерните акти, процедурите и системските решенија, со цел новото право да може да се применува веднаш и без застој.

Измените на Законот за здравственото осигурување беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 144 од 17 јули 2025 година, а веќе на 7 август 2025 година комисијата за БПО ја одржа првата седница на која можеа да бидат разгледувани барања за четврти, петти и шести обид.

– Но реформата не се состоеше само во зголемување на бројот на обиди. Постапката беше дополнително поедноставена со воведување електронска достава на известувањето за одобрено право на БПО, рокот за поднесување приговор беше продолжен од 8 на 15 дена, а осигуреното лице здравствените услуги за БПО ги остварува врз основа на известување од Фондот, без потреба од дополнителен упат од избран лекар – гинеколог од примарната здравствена заштита – информираат од ФЗО.

За БПО-постапки извршени во осум здравствени установи со кои Фондот има склучено договори, во 2025 година се реализирани повеќе од 97,3 милиони денари.

– Здравствениот систем сам не може да ги промени демографските текови, но може да направи нешто многу конкретно – да обезбеди повеќе можности и финансиската пречка да не биде причината поради која едно семејство ќе мора прерано да се откаже од обидот за потомство. Токму во тоа е суштината на зголемувањето од три на шест БПО-обиди. Не станува збор само за измена на еден член од закон или за дополнителен ваучер. Станува збор за уште една шанса. А понекогаш токму уште една шанса е она што е потребно за надежта да стане живот – се вели во соопштението од Фондот.