Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Свет

Франција е подготвена да помогне, но Германија нема да учествува во нападите врз Иран

На третиот ден од војната, европските лидери почнаа да се делат про…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На третиот ден од војната, европските лидери почнаа да се делат про и контра американско-израелските чекори. Германија нема да учествува во нападите врз Иран, изјави министерот за одбрана Јохан Вадепул, додека Франција кажа дека е подготвена да придонесе за одбраната на заливските земји.

За разлика од Велика Британија, Германија нема воени бази во регионот, но единици на германската војска се стационирани во Јордан и Ирак. „Германските војници ќе се бранат ако бидат нападнати, но нема да има мерки надвор од тоа“, рече Вадепул, оценувајќи го Иран како закана не само за Израел и регионот, туку и за Европа и Германија.

Изразувајќи солидарност со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и другите заливски земји, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро кажа дека тие се вовлечени во војна што не ја избрале. Иако смета дека американско-израелската воена акција нема прецизна цел, Баро изјави дека Франција е спремна да учествува во одбраната на земјите од Персискиот Залив, кои се најдоа на удар на ирански одмазднички напади.

Реклама

Емануел Макрон вчера изјави дека Франција го зголемува своето воено присуство на Блискиот Исток по американските и израелските напади врз Иран.