Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар: Тотален хаос на улицата 50-та Дивизија! (ФОТО)

Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во скопски Центар, алармираат за „тотален хаос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во скопски Центар, алармираат за „тотален хаос на улицата 50-та Дивизија“

Оттаму велат дека градоначалникот Герасимовски, постојано создава проблеми за центарци:

  • „Негрижата и незнаењето на Горан Герасимовски постојано создава проблеми за центарци! Најнов пример е сообраќајната катастрофа како резултат на необележани улици, не поставување соодветна сигнализација и невоведување резидентно паркирање. Сево ова прави на 50та Дивизија автомобилите да не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари!“ – Пишува во соопштението до јавноста.

Оттаму додаваат дека оваа улица не е исклучок –

Реклама
  • „Кадрите на СДСМ со години ја уништуваат општината, а центарци со соочуваат со супстандардни услови за живот. Хигиена на најниско ниво и урбана опрема која ја има само во ветувањата на власта.“

Тие побараа Герасимовски лично да им се извини на граѓаните

  • „Редно е градоначалникот Герасимовски конечно да излезе од канцеларија, лично да им се извини и да им одговори на центарци, дали не сака или едноставно е неспособен да се справи со проблемите!“

Засега останува јавноста да посведочи, дали градоначалникот ќе реагира на овие обвинувања или не.