Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ФОТО: Откриени два случаи на криумчарење мигранти

Во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаи полициски службеници при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаи полициски службеници при Отсек за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Куманово при Регионален центар за гранични работи Север (ОПКМСР Куманово) и полициски службеници од ОВР Делчево открија случаи на криумчарење мигранти при што три лица биле лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Имено во првиот случај вчера во 10,40 часот во Делчево пред правен субјект на булевар „Македонија“ полициски службеници од ПО за БПС Делчево лишени од слобода се лицата Л.П.(22) и К.Ѓ.(23), двајцата од Делчево кои со две патнички моторни возила превезувале шест мигранти (тројца од Мароко и тројца од Тунис). За настанот бил известен надлежен ЈО од ОЈО за ГОКК Скопје.

Во вториот случај во 12,30 часот на бензинска пумпа во Куманово во товарно моторно возило марка „Даф“ со приколка со национална ознака на Р. Србија, управувано од Н.Ф.(43) од Р.Србија од страна на полициски службеници од ОПКМСР-Куманово биле откриени четири лица мигранти – две од Индија и по едно од Сиера Леоне и од Сирија, по што за настанот бил запознат ЈО од ОЈО за ГОКК-Скопје, и согласно насоките на надлежното обвинителство се работи на расчистување и на овој случај.

Реклама