Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Фото галерија: Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа. Слушнавме експлозија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа. Слушнавме експлозија. Мислевме дека е земјотрес. Излегов надвор и тогаш видов што се случило. Целиот тој дел од улицата експлодирал и парчиња од асфалтот летнале. Потоа се појави оваа дупка. Пукнала цевката од притисок. Овде асфалтот на оваа уличка е неколку сантиметри, а за изградба на згради тука поминуваат огромни и тешки камиони. Беше прашање на време кога ова ќе се случи – вели жител на Влае кој живее на стотина метри од местото каде што експлодирала Ф-600 цевка. Поради тоа, безмалку во половина Скопје, пред се во Влае, Карпош, Тафталиџе, Козле, па се до Центар, имаше помал притисок на вода и таа течеше со сериозно намален капацитет. 

Бевме на лице место. Екслозијата се случила на крајот од улицата Франце Прешерн во Влае, во делот од улицата што оди покрај самиот Вардар. По улицата буквално тече уште една помала река. Екипа на Водовод дојде, но вечерва практично нема што многу да се стори. Половина час се мислеа како да најдат ленти и евентуално ротациони светла за да го заградат местото (на крај на едната страна ставија некакво буре кое го најдоа тука, а со кое беше покриена друга длабока шахта), за да не се случи некој со автомобил да се залета и да пропадне во дупката од околу еден метар, а која има, во површина повеќе од десетина метри квадратни. Распуканиот и пропаднат афсалт сведочи за силината на експлозијата и кога ќе го видите тоа, станува јасно зошто земјата и куќите во околината се затресле, а жителите мислеле дека е во прашање земјотрес. 

Водовод вечрва нема што да работи на тоа место, туку копањето за да се дојде до цевката ќе почне утре наутро. Во меѓувреме, поголем доток на вода ќе се обезбеди преку цевката од другата страна на Вардар. Првичната дилема на екипата беше дали и таму се е во ред и дали ќе може преку таа линија да се обезбеди поголем доток на вода за градот, но тоа е постигнато, така што граѓаните ќе можат нормално да го пребродат овој навистина сериозен дефект.