Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Форум за вклучување на младите во еколошките процеси во Дојранскиот Регион

Како може младите луѓе да се вклучат активно во еколошките процеси поврзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како може младите луѓе да се вклучат активно во еколошките процеси поврзани со Дојранското Езеро се најде во фокусот на еднодневниот форум „Потенцијали за соработка и здружување на локалните заедници за заштита на Дојранското Езеро“. Настанот се организира во рамки на проектот „Формирање на локални акциски групи и вклучување на млади луѓе“, спроведуван од здружението „ПОЛИМАТ 13“ од Богданци. Форумот е поддржан од истражувачкиот институт за конзервација на медитеранските водни живеалишта „Tour du Valat Foundation“ и Француската агенција за развој, а под менторство на Македонското еколошко друштво.

– Целта на форумот е да се отвори дискусија за можностите за заедничко делување на локалните чинители, институции и граѓански организации во насока на подобра заштита и одржливо управување со Дојранското Езеро. Во рамки на проектот кој почна лани, а ќе трае до крајот на годинава, спроведовме две теренски работилници, едната за набљудување птици со МЕД, а втората беше во соработка со истражувачкото друштво на студенти биолози, истакна Надица Маџирова од „ПОЛИМАТ 13“.

Во рамки на настанот се презентираа практични искуства и успешни примери на локално здружување во земјата, како и можности за иницирање на слични процеси во Дојранскиот Регион.