Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Формирана е Комисија која ќе го испитува случајот со петгодишното дете кое почина на Детска клиника

Комисија од Министерството за здравство ќе го испитува случајот со смртта на …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисија од Министерството за здравство ќе го испитува случајот со смртта на  петгодишно девојче кое почина на Детската клиника. Министерот Таравари не сака да суди пред да го добие извештајот, и остава се’ во рацете на педијатрите кои ќе прават увид во целата документација како се лекувало детето. Оваа одлука на министерот следи по вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде се утврдени низа недостатоци при третманот на девојчето.

“Уште еднаш ќе повторам дека сите резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето”, истакна Таравари.

Во извештајот на ДСЗИ е наведено дека девојчето за време на болничкиот третман било лекувано од повеќе лекари и му се правени дополнителни лабораториски испитувања. Инспекторите констатирале и лошо водење на евиденцијата за починатото девојче, а алармантно е што и покрај укажувањата на инспекторатот се уште на клиниката дежураат само специјализанти.Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат  најави вонредни контроли на Клиниката.

Реклама

Тоа решение истекува утре и има рок од 30 дена клиниката да си ги исправи недоследностите.ДЗСИ во следните денови ќе направи вонреден инспекциски надзор да направиме контрола.Детската Клиника треба да си го регулира тој момент односно, при работата на специјализантите секогаш треба да има специјалист кој што треба да бидат заедно во делот на работењето” – изјави директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката. Претходно починаа новороденче од Струмица и 14 месечно девојче од Гошинце за кое се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност.

Ања Лукарова