Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Фондацијата „Бугарска меморија“ ја тужи партијата на Македонците во Албанија

Бугарската пропаганда во Албанија од ден на ден се засилува, а се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарската пропаганда во Албанија од ден на ден се засилува, а се засилуваат и притисоците кон Македонците и единствената партија на македонското малцинство. Македонска алијанса за европска интеграција и нејзиниот лидер Васил Стерјовски се соочуваат со тужба од Фондацијата Бугарска меморија бидејќи преку допис до сите албански институции побараа да се забрани оваа фондација чии членови се заканувале и вршеле притисоци со цел асимилација на македонската заедница. Според Стерјовски, во Албанија има повеќе струи за асимилација на Македонците, меѓу кои бугарската амбасада, фондацијата „Македонија“, фондацијата „Бугарска меморија“, но и фашистичката струја од бугарската десница. Тој алармира дека на сите можни начини Бугарија се обидувала да ги задуши и асимилира Македонците, а тоа го постигнала на пописот.

Ова беше очекувано. Познавајќи ја бугарската пропаганда и тоа што изминативе години се случуваше во Албанија, тие ги негираат Македонците и задушување на македонските активисти. Ние кога побаравме да се забрани фондацијата имавме докази, и спремни сме пред судот да докажеме, и нивната жалба да падне на суд. Фактите се јавни, што правела таа фондација. Во Албанија имавме повеќе струи за асимилација на Македонците, една беше бугарската амбасада, фондацијата „Македонија“ и други фондации, фашистичката струја од бугарската десница. На сите методи Бугарија се обидуваше да не задуши, да не асимилира и го постигна тоа на пописот. Оваа фондација има ангажирано адвокатско друштво, ние ги имаме фактите но треба некој добар адвокат да не брани. Ние ќе продолжиме. Откако со попис инжинеринг успеаа да извадат Бугари во Албанија, тогаш уште повеќе може да има притисоци, тоа ќе биде следна цел на бугарската држава, порача Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

Ниту една албанска институција, освен Народниот правобранител, не изреагирале никако на дописите кои Македонската алијанса ги испраќала.

Реклама

Воопшто немаше реакција од ниту една институција. Ни од Рама, ни од МВР, МНР, претседателот, Комисијата за заштита од дискриминација. После дознавме дека откако завршил пописот му забраниле влез на Виктор Стојанов, ама тоа откако заврши. А претходно тој доаѓаше и вршеше притисоци, обајвуваше формулари како некои луѓе се декларираат како Бугари. Тоа беше свесно дозволено од Албанија. Не не известија какви мерки презеле. Ова се гледа дека е договор помеѓу Бугарија и Албанија, порача Стерјовски.

Инаку Милен Врабевски е контроверзен, главен финансиер на бугарските клубови,

Неговите активности во Македонија се доживуваат како чиста асимилаторска политика. Нема влакна на јазикот и ужива да каже дека македонскиот народ е југословенска творба.

Стерјовски бара од македонската влада да направи стратегија и да го заштити македонското малцинство, не само во Албанија туку во сите земји каде што живеат Македонци.

За бугарската пропаганда претходно реагираше и премиерот Христијан Мицкоски кој увери дека неговата влада ќе направи се за да ги заштити нашинците и најави средба со нив за да ја врати довербата која начисто ја изгуби претходната влада.