Реклама

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Македонија

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок доаѓа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Фон дер Лајен, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. Се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен изјави дека Македонија сака да се најде решение со Бугарија што ќе обезбеди предвидливост на процесот на евроинтеграција. Вели дека има желба од страна на европските институции и од некои земји членки на ЕУ да помогнат да се засили меѓусебниот ангажман, да се отвори простор за дискусија, но нагласи дека нашите позиции се апсолутно јасни – во овој момент нема услови за уставни измени поради начинот на кој Бугарија се позиционира.

Реклама

Иако има билатерални контакти со Софија, тоа досега не доведе до напредок и поради тоа, според Муцунски, потребна е помош од заинтересираната страна, а тоа е ЕУ. Затоа, позитивно гледа на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на Скопје и со која, меѓу другото, ќе се разговара поконкретно и за оваа тема. Кај нас, вели министерот, нема дилема дека ни е потребно решение, но ставаме една црвена линија – дека мора да се најде решение што ќе ни обезбеди предвидливост и сигурност.

Турнејата низ Западен Балкан претседателката на ЕК ќе ја почне на 30 септември со Албанија по што ќе ги посети Косово и Црна Гора.

Овој пат Србија и Босна и Херцеговина нема да бидат дел од нејзината агенда. Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, соопшти дека двете земји се изоставени бидејќи се подготвуваат за избори. Србија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 25 октомври, а во Босна и Херцеговина се закажани општи избори на 4 октомври.