Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Делегација на Комисијата за европски прашања на Интерпарламентарна конференција во Тирана

Делегација на собраниската Комисија за европски прашања, предводена од претседателот на Комисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на собраниската Комисија за европски прашања, предводена од претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски, учествуваше на Интерпарламентарната конференција „EU Enlargement: A Strategic Agenda for Europe’s Future“, која вчера и денеска се одржа во Тирана, Албанија. Во делегацијата беше и членот на Комисијата Даниела Белимова, а присуствуваше и македонскиот амбасадор во Албанија, Веле Трпевски.

Конференцијата, во организација на Собранието на Република Албанија, беше посветена на унапредување на меѓупарламентарниот дијалог за проширувањето на Европската Унија, размена на парламентарни искуства и добри практики во процесот на европската интеграција, како и на улогата на националните парламенти во поддршката на кредибилен и одржлив процес на проширување.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на конференцијата учествуваа претставници на Комисиите за европски прашања на европските парламенти, на земјите кандидатки за членство во ЕУ, институциите на Европската Унија и високи претставници на Република Албанија.

Реклама

Во поздравните обраќања, претседателот на албанското Собрание Нико Пелеши, премиерот на Албанија Еди Рама, членот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и известувач за Албанија Андреас Шидер и амбасадорката на ЕУ во Албанија Софија Мореира де Соуса ја нагласија важноста на европската интеграција, спроведувањето на реформите и улогата на парламентите во процесот на приближување кон ЕУ. Видеообраќање имаше и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

Во рамки на трите тематски сесии на конференцијата биле разменети мислења за проширувањето на Европската Унија и напредокот на Албанија кон членството, проширувањето како процес заснован на заслуги и фактор за стабилност и безбедност, како и за улогата на парламентите во процесот на проширување.

На првата сесија, посветена на „Проширувањето на ЕУ и напредокот на Албанија кон членството“, биле разгледани напредокот на Албанија во преговарачкиот процес, спроведувањето на реформите и улогата на парламентот и меѓупарламентарната соработка во процесот на интеграција.

Втората сесија, „Проширувањето како процес заснован на заслуги и двигател на стабилноста и безбедноста“, била посветена на текот на преговарачкиот процес, исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на членство, улогата на парламентот и значењето на економската интеграција. Во рамки на оваа сесија беше истакната и стратешката важност на проширувањето на Европската Унија за стабилноста и безбедноста на европскиот континент и поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Третата сесија, „Улогата на парламентите во процесот на проширување на ЕУ“, се фокусирала на искуствата на земјите членки во процесот на европската интеграција, улогата на парламентите во обезбедувањето демократски легитимитет и парламентарен надзор, како и на усогласувањето на националното законодавство со правото на Европската Унија.

Во завршните заклучоци била нагласена потребата од натамошно зајакнување на меѓупарламентарниот дијалог и соработка, продолжување на реформите и исполнување на европските стандарди, како и активна улога на парламентите во процесот на европската интеграција.

За време на престојот во Тирана, делегацијата на Комисијата за европски прашања остварила и билатерални средби со делегации на парламентите на Полска и Ирска, на кои биле разменети мислења за прашања поврзани со европската интеграција и парламентарната соработка.